Членовите
5:44 PM Thursday, March 01, 2007
ТЕСТ ПРИМЕРОК  Тест Примерок, Бики, Без овој човек да проба се, пред ние да го испиеме, најверојатно ке бевме мртви сите до сеа. Затоа го имаме него, да ни спроведува истражувања во новите алкохолни полиња, и да оди таму каде што не отишла ниту една пијаница до сега. Хобија: WOW, Пиење, DC. ЧЛЕН  Член, Мев, исто така познат и како Даци, човек кој рапот го носи во душа и верно го слуша. Стално спремен да даде добар FS а кога пие само подобро му иде. Инаку незаменлив дел од организацијата, без кој немаше да знаеме ништо за музиката наречена рап. Хобија: Ломење, Пиење, Free Style, Заебавање. Швалер  Швалер, Гино, Човек кој у секое време е спремен за да оди у "Лов", и тоа најчесто успешно. Во комбинација со Мев за време на секое пијанство се спремни да одат да смуваат нешо. Па така многу женски срца за жал останаа скршени. Инаку освен ова Гино е и лингвист, задолжен за да го проширува речникот на членовите на организацијата, без него муабетите ке ни беа многу подосадни. Хобија: Пиење, Ломење, внесување на нови зборови во нашиот речник. ЧЛЕН Член Шеф,
Човекот кој сонува еден ден да се пијанчи додека си ровари по некој вукојебини со колегите маринци. Роден шофер, иако малку помрднат од што треба, ако сакате да се насмеете тој е правиот човек за таа работа, ако не... пак ќе се насмеете.
Хобија: Пиење, Возење кола, Тепање Виетнамци... КОНСУЛТАНТ  Консултант Џорџ, На готовост во секое време да даде добар совет за било кој проблем на членовите во нашата организација, тој знае барем еден начин за да се излезе од било која ситуација. Битен дел од екипата, кој знае како да развесели кога работиме. Хобија: Труба,Глумење,Фотографија,Режија... СЕКРЕТАР ДЕСНА РУКА  Секретар Десна Рука Цаци, Човек кој може да испие повеќе отколку што Тиквеш и Скопска Пивара можат да произведат... Прв почнува, последен престанува, и пак сите не носи дома. Знае од се понешто, се снаоѓа во сите ситуации, без него да не трезни кога треба до сеа ни пола членови немаше да бидат живи. Хобија: Пиење,Пичење гитара, Рецитирање, Компонирање... и многу други работи, Мултиталентиран човек. ДИРЕКТОР НА ФИНАНСИИ  Директор на Финансии Бетмен, Од самата слика се гледа дека тоа е човек кој не е сосема нормален, но нека не ве залажува тоа, човекот е начисто луд... Но тоа не го спречува да се бори храбро за принципите на организацијата, досега ја нема изневерено организацијата ниту еднаш, а тоа е само по себе достигнување вредно за почит! Хобија: Пиење, Пишување поезија, Лудување... ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА  Техничка поддршка, Алиенка... Ем пие, ем членски праи, ем не развозава, ем свири ем пее... па дами и господа што да кажам повеќе освен, дека, да не беше она ќе имавме многу бедни членски што најверојатно јас сам ќе ги напраев и тоа пијан... а да не зборам дека ќе требаше да пеам од време на време... треба да бидете благодарни што ете има кој да ве спаси од такво мачење. Хобија: Пиење, Свирење гитара, Agresive skating, Факс... и што уште не. ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ  Потпретседателот Црни : роден 13.09.1987 Овде на слика го имате човекот на кого најпрвин му дојде идејата за организацијата.Искусен пијаница со интернационално реноме, способен е да најде биртија во било кое време во било која држава... способност од витално значење за интернационалните односи на нашата организација. Хобија: Пиење и шо знам Пинг-Понг по некад. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ  El Presidente Мједо: роден 05.09.1987. Иако се заколнав дека нема да пијам веќе, пак пропив... треба ли да се каже повеќе. Хобија: Пиење и Сјебуење коли( Не знам што ми лежи повеќе, иако во пиење имам поголем стаж)
|