Изборна Кампања
Бидејќи сите партии и организации ги изнесоа своите предизборни ветувања, редно време и нашата организација да го стори тоа, без понатамошно одложување, ви ги давам предизборните ветувања на ПОМ за 2006. Ако гласате за нас: -Законската возразст за купување алкохол и гласање ќе ја намалиме на 2 месеца. -Сите луѓе ќе имаат не само право, туку и обврска да бидат пијани 24 часа дневно -Од чешмите наместо вода ќе тече алкохол од најразлични сорти и видови -Доколку некој биде фатен да вози со помалку од два промили во крвта, веднаш ќе биде испратен во Идризово каде што ќе биде извршена смртна казна по пат на интоксикација со алкохол. -Ќе ги вратиме деловите на Македонија кои ни беа одземени Александар кога умре - Ќе отвориме повеќе пивари и вински лозја - Ракијата ќе ни биде државен симбол, исто како и химната и ќе се пие пред секој спортски натпревар и други свечени околности, а не само по кафани -Со секој купен литар ракија ќе добивате по 1 салата по избор и 10 кебапи Ако ви се допаѓа ова, тогаш застанете позади нас со вашите гласови и мотото: Македонија има сила да нарави еден голем пијан чекор напред |
MISLA NA MILENIUMOT
![]() Знам дека со пиењето полека се убивам, ама мене и онака не ми се брза. -Robert Benchley |

